четврток, 22. април 2021. Вести денес: 136
home Хроника

Затворена чајџилница во Гостивар, приведен сопственикот

Затворена чајџилница во Гостивар, приведен сопственикот

На 05.03.2021 во 22.50 часот од полициски службеници од Полициска станица Гостивар при извршена контрола на угостителски објект- чајџилница на ул.„18 Ноември“ во Гостивар, сопственост на М.И.(45) од Гостивар, констатирано е дека се постапува спротивно на законски пропишаното работно време за време на епидемија, при што во објектот имало 11 гости.

Објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен, а сопственикот М.И. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Коронавирус