четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 212
home Хроника

Затворен угостителски објект во Тетово поради непочитување на „Ковид мерките“

Затворен угостителски објект во Тетово поради непочитување на „Ковид мерките“

Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 21:45 часот го лишиле од слобода Ф.И.(33) од с.Шипковица, а со место на живеење во Тетово.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски истакнува дека лицето е приведено бидејќи угостителскиот објект на улица „Илинденска“ во Тетово, во кој тој бил управител, работел со гости по дозволеното време и не ги почитувал мерките за справување со коронавирусот.

-Објектот бил затворен, додека Ф.И. бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, посочува Јосифоски.

Локални избори 2021