четврток, 22. април 2021. Вести денес: 102
home Хроника

Затворен угостителски објект во Мала Речица, приведен сопственикот

Затворен угостителски објект во Мала Речица, приведен сопственикот

На 05.03.2021 во 21.30 часот полициски службеници од СВР Тетово во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат при извршена контрола на угостителски објект во с.Мала Речица, сопственост на С.Ј.(54) од с.Мала Речица констатирале непостапување по здравствени прописи за време на епидемија при што во објектот имало осум лица.

Објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен, а сопственикот С.Ј. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Коронавирус