вторник, 2. март 2021. Вести денес: 172
home Хроника

Затворен угостителски објект во Куманово, работел по дозволеното време

Затворен угостителски објект во Куманово, работел по дозволеното време

На 19.01.2021 во 19.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во угостителски објект на улица „Професор Мијаковиќ“ во Куманово.

При контролата било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време за угостителски објекти, а во објектот биле затекнати десет гости и сопственикот М.С.(48) од Куманово. Од страна на Државен пазарен инспекторат објектот бил затворен.

По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Коронавирус