четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 131
home Хроника

Затворен угостителски објект во Куманово- кога инспекцијата влегла внатре имала што да види

Затворен угостителски објект во Куманово- кога инспекцијата влегла внатре имала што да види

Полициски службеници од СВР Куманово синоќа извршиле контрола во угостителски објект на улицата „Ленинова“ во Куманово, при што било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време за угостителски објекти.

Во објектот биле затекнати осум лица – гости, пет вработени и сопственикот М.С.(34).  Од страна на Државен пазарен инспекторат објектот бил затворен.

-По целосно документирање на случајот, против сопственикот М.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, се наведува во соопштението на МВР.

ЕУРО 2020

Македонија