петок, 5. март 2021. Вести денес: 119
home Хроника

Затворен угостителски објект во Гостиварско поради непочитување на работното време, сопственикот приведен

Затворен угостителски објект во Гостиварско поради непочитување на работното време, сопственикот приведен

Полициски службеници од Полициското одделение Галате, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, на 18.01.2021 во 23.00 часот, затвориле угостителски објект во кој биле седум лица-гости и сопственикот, по законски утврдениот временски рок за работно време.

– Извршиле контрола во угостителски објект во село Градец, општина Врапчиште, сопственост на Б.А.(39) од с.Градец.
При контролата, во објектот биле затекнати седум лица-гости и сопственикот, кој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. Од страна на ДПИ објектот бил затворен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во денешното соопштение од МВР.

Коронавирус