вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Затворен ресторан во гостиварско поради организирање свадба со 120 гости

Затворен ресторан во гостиварско поради организирање свадба со 120 гости

На 01.11.2020 во 18.50 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека во угостителски објект во с.Добридол, гостиварско, сопственост на М.И.(33) од ова село, била организирана свадбена веселба од М.И.(55) од с.Врапчиште, гостиварско, на која присуствувале околу 120 гости, информира МВР.

Полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат излегле на местото на настанот и објектот бил затворен, а ќе следат и соодветни поднесоци.

Локални избори 2021