понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 70
home Хроника

Затворен објект во Тетово, приведени 12 лица

Затворен објект во Тетово, приведени 12 лица

Полициски службеници на СВР Тетово во координација со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово и Државниот пазарен инспекторат, вчеравечер (8 јуни) од 23 часот и 35 минути до 50 минути по полноќ спровеле акциска контрола во угостителски објект на улица „Коле Неделковски“ во Тетово.

-При контролата, во објектот биле затекнати 11 женски лица кои ги забавувале присутните гости. Девет од затекнатите женски лица биле странски државјанки, од Србија, Украина, Албанија, Молдавија, Литванија, Бугарија и Русија, на различна возраст од 20 до 34 години, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Тие се лишени од слобода заедно со 24-годишен вработен во објектот и две женски лица од нашата земја. Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и ќе следуваат соодветни поднесоци.

ЕУРО 2020

Македонија