четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Хроника

Засилена полициска контрола: Казнети 202 возачи за брзо возење

Засилена полициска контрола: Казнети 202 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (17.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 202 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 104 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 98 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Коронавирус