среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 83
home Хроника

Започнале да кршат чаши и шишиња во угостителски објект во Кучково, па физички го нападнале газдата

Започнале да кршат чаши и шишиња во угостителски објект во Кучково, па физички го нападнале газдата

На 24.09.2018 година во 00,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во скопското село Кучково во угостителски објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу повеќе лица.

Имено, на една од масите во објектот лицата кои седеле, започнале да кршат чаши и шишиња и на вработените им кажале дека ќе ја подмират штетата што ќе ја направеле. На тоа реагирал сопственикот А.Т.(25) од Скопје кој им кажал дека работното време завршува за 20 минути и дека треба да ја подмират сметката и да го напуштат објектот.Тогаш лицата започнале најпрво со чаши и пепелници да фрлаат кон А.Т. а потоа и физички го нападнале. Потоа дошле В.М.(21), М.К.(20), П.М.(29) и В.А.(26) сите од Скопје, но веднаш лицата започнале и кон нив  да фрлаат шишиња и други предмети, а потоа и физички ги нападнале, по што го напуштиле местото на настанот. Нападнатите со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. По преземени мерки и активности, околу 02,15 часот пронајдени и приведени во Полициската станица Ѓорче Петров биле лицата: М.М.(26) од с.Кисела Јабука, Д.Б.(22) од с.Волково, И.Ј.(41), С.К.(30) М.З.(34) и Н.С.(20) сите од с.Кисела Јабука. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

Коронавирус