сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 43
home Хроника

Запленето нелегално оружје и украдено возило во прилепско

Запленето нелегално оружје и украдено возило во прилепско

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи-ОВР-Прилеп, извршија три претреси во с.Големо Радобил, прилепско, при што е пронајдено и одземено нелегално оружје ( пет пушки) и пронајдено и одземено едно патничко моторно возило кое претходно беше пријавено за украдено.

Во домот на М.М. (52) пронајден и одземен е еден ловен карабин 7,9 модел 98, кај Т.Ј. (41) пронајдени и одземени се два ловни карабини и 42 парчиња муниција и кај Ф.Ц. (49) пронајдени и одземени се една ловџиска пушка и еден ловџиски карабин и одземено возило „волво“, кое претходно е пријавено за украдено.

Против овие лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Коронавирус