недела, 20. септември 2020. Вести денес: 80
home Хроника

Запленети алкохолни пијалоци, златен накит, кокаин, фалсификати…

Запленети алкохолни пијалоци, златен накит, кокаин, фалсификати…

Царинските службеници во текот на минатите две недели откри и заплени обид за криумчарење кокаин и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани делови за товарни возила, моторно масло, регистарски таблички, ремени за товар, алкохолни пијалоци, златен накит, технички производи, дребонг, облека и фалсификати.

Во соработка со Министерство за внатрешни работи на граничниот премин Деве Баир, при контрола на бугарски автомобил со кој, за влез во државата се пријавиле двајца бугарски државјани, извршена по барање на полициските службеници од граничниот премин се откриени 115 грама кокаин, информираат од Царинската управа.

Во два одвоени случаи од страна на мобилните царински тимовизапленети се 16 делови за товарни возила, 40 литри моторно масло и комплет регистарски таблички и сообраќајна дозвола.

При контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, кој бил сопрен од страна на полициски службеници на патниот правец Велес – Скопје, од мобилните царински тимови запленети се 240 литри домашна ракија и 30 литри домашно вино.

На граничниот премин Богородица, кај патник во турски автобус што сообраќал на редовна линија Истанбул – Гостивар, откриени се 19 парчиња златни синџирчиња со приврзок, со маса од околу 58 грама.

Во два одвоени случаи од мобилните царински тимови откриени се 32 употребувани компјутерски стикови Intel STK1AW32SC и Intel STCK1A32WFC, 23 адаптери за напојување на истите и 1 употребуван дребонг.

Царинските службеници на граничниот премин Богородица, откриле 214 парчиња детска облека (тренерки, блузи, џемпери, јакни, фармерки и друго), откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин.

Коронавирус