петок, 25. септември 2020. Вести денес: 181
home Хроника

Запленети 48 килограми дрога во прилепско, приведени тројца дилери

Запленети 48 килограми дрога во прилепско, приведени тројца дилери

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ОВР Прилеп и Одделот за специјални полициски операции во координација со ОЈО Прилеп вчера (04.09.2020) околу 20 часот запленија околу 15 килограми хашиш и околу 33 килограми марихуана, или вкупно околу 48 килограми дрога, а од слобода се лишени три лица, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

-На патниот правец од Прилеп кон с. Дебреште, на место во близина на градските гробишта лишен од слобода е В.И. (55) од с. Дебрешта, кај кого се пронајдени четири вреќи со околу 48 килограми дрога (хашиш и марихуана) кои ги подготвувал за транспорт. По преземени дополнителни мерки и активности, околу 20.30 часот во Прилеп е лишен од слобода Н.Д. (46) од с. Дебрешта, за  кој е утврдено дека бил организатор на транспортот.  Потоа од слобода е лишен и Е.И. од с. Дебрешта, соопшти Ангеловски.

По наредба од Основен суд Прилеп, извршени се претреси на три локации во с. Дебрешта и одземени се две патнички возила, мерцедес и голф, во врска со овој случај.  Приведените денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основен суд Прилеп.

-Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и друг вид на криминал, рече Ангеловски.

Коронавирус