петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Запален автомобилот на поранешен министер од ДУИ

Запален автомобилот на поранешен министер од ДУИ

Автомобилот на поранешниот министер Дритон Кучи бил запален ноќеска, дознава 24 Инфо.

Според неофицијални информации, запалениот автомобил експлодирал, а пожарот зафатил неколку возила.

-На 24.01.2020 во 01.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека во подземна гаража на ул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје настанал пожар во неколку возила. Полициски службеници  излегле на местото и констатирале дека целосно било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.К.(32) од Скопје, а делумно биле опожарени патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Ф.(33) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот, велат од МВР

Кучи беше министер за економија во 2017-та година, а потоа и заменик министер за образование.