четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 26
home Хроника

Запален автомобилот на новинарот Милошески (ФОТО)

Запален автомобилот на новинарот Милошески (ФОТО)

Новинарот и раководител на порталот „Публикум“ од Прилеп, Зоран Милошески, на својот Фејсбук профил објави дека по полноќ му е запалено возилото во неговата гаража.

-Почитувани пријатели, околу 1 часот и 20 минути после полноќ, беше запалено моето возило марка „Сузуки свифт“, кое беше паркирано во гаражата. Противпожарната единица интервенираше веднаш откако соседите го виделе возилото како гори. Увид направи и екипа на Полициската станица од Прилеп. Возилото е целосно уништено. Палењето на мојот автомобил се случи точно една година подоцна, откако во јануари 2017 година беше запалена мојата гаража. Сторителите се’ уште не се откриени, пишува Милошески на Фејсбук.

Тој најави дека во текот на денешниот ден преку прес конференција или соопштение, јавноста ќе биде подетално информирана за настанот.

Локални избори 2021