вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 6
home Хроника

Загубил брзина па возилото се запалило – Драма на патот Скопје-Гевгелија

Загубил брзина па возилото се запалило – Драма на патот Скопје-Гевгелија

Вистинска драма се одвивала на патот Скопје-Гевгелија кога вчера возило почнало да ја губи брзината, по што се запалило на патот.

МВР информира дека во 14,10 часот во Полициската станица Валандово, додека 39-годшниот И.Д. од Србија управувал патничко моторно возило марка „БМВ 320 ГТ“ со српски национални ознаки, по автопатот Скопје – Гевгелија возилото почнало да ја губи брзината, по што се паркирал на лентата за принудно запирање и забележал чад од возилото, а потоа и пламен.

Пожарот бил изгаснат од противпожарна екипа од Гевгелија.

Од полициски службеници од Полициската станица Гевгелија извршен бил увид на местото на настанот.