петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 155
home Хроника

Загинат велосипедист, 8 лица повредени во сообраќајки во Скопје

Загинат велосипедист, 8 лица повредени во сообраќајки во Скопје
илустрација

Еден велосипедист е загинат, двајца пешаци и еден велосипедист се тешкo повредени, а пет лица се здобиле со лесни телесни повреди во шест од вкупно 13 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила  три нерегистрирани возила и еден возач пред да се стекне со право на управување на моторно возило.

Со специјалното возило „пајак“ подигнати се 60 возила.

Санкционирани се и еден возач кој поминал крстосница на црвено светло и еден за не правилно престигнување.

Коронавирус