недела, 9. август 2020. Вести денес: 75
home Хроника

Загина младо момче, повредени четири лица во тешка сообраќајка во кратовско

Загина младо момче, повредени четири лица во тешка сообраќајка во кратовско

Едно лице загина, а четири се повредени од кои едно потешко во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на локалниот пат од с.Железница кон с.Крилатица во Кратово, на место викано „Мулинци“ во атар на с.Крилатица.

Како што информира МВР, во несреќата учествувале два автомобили „Голф“, управувани од С.С.(22) од Кратово и М.Д.(29) од с.Талашманци, кратовско.

-Во незгодата на лице место починал возачот С.С., додека сопатниците од истото возило Г.Г.(33), Д.В.(24) двајцата од с.Железница и Ф.М.(27) од Кратово, заедно со возачот на другото возило М.Д. биле пренесени во Медицински центар Куманово за укажување на лекарска помош, при што на М.Д. му биле констатирани тешки телсени повреди, истакнуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

Коронавирус