четврток, 4. јуни 2020. Вести денес: 141
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Забраната за движење не се почитува: Полицијата затекна 103 лица на улица, 63 се приведени

Забраната за движење не се почитува: Полицијата затекна 103 лица на улица, 63 се приведени

Според статистиката на Министерството за внатрешни работи во текот на изминатово деноноќие (24/25.03) на територијата на државата по однос на непочитување на забраната за движење во периодот од 21 до 05 часот полицијата евидентирала 103 лица кои не ја почитувале оваа мерка.

При што, 63 лица биле приведени во полициска станица, 31 лице се опоменати и воедно биле сочинети и девет записници на место на настан.

Исто така, во текот на вчерашниот ден евидентирани се 39 лица на кои им се издадени решенија за изолација и 111 граѓани кои на граничните премини потпишале изјави за самоизолација. Извршени се и 61 контрола во угостителски и други објекти и утврдено е дека само во еден случај не се почитувале препораките и мерките на Владата.

Коронавирус