недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 50
home Хроника

За продолжениот викенд во Скопје имало 45 сообраќајки, 21 лице повредено

За продолжениот викенд во Скопје имало 45 сообраќајки, 21 лице повредено

Во 15 од вкупно 45 сообраќајки што се регистрирани од 3-ти до 7-ми месецов во Скопје се повредени 21 лице, а во 30 била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје за МИА информираат дека сообраќајната полиција во овој период исклучила од сообраќај вкупно 27 возачи, од кои еден го управувал возилото под дејство на алкохол, а 16 возачи немале право да управуваат моторно возило. Десет возачи управувале нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и девет возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, а еден возач неправилно престигнувал.

Специјалното возило „пајак“ подигнало 72 возила.

Коронавирус