среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 124
home Хроника

За празничниот викенд од сообраќај исклучени 23 возачи без дозвола или под дејство на алкохол

За празничниот викенд од сообраќај исклучени 23 возачи без дозвола или под дејство на алкохол

Во тек на продолжениот празничен викенд на подрачјето на СВР Скопје од сообраќај се исклучени 23 возачи, од кои петмина за возење под дејство на алкохол, додека 18 возеле без да се стекнат со право на управување моторно возило, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Од сообраќај се исклучени и 21 нерегистрирано возило. Санкционирани се седум возачи поради поминување крстосница на црвено светло и шестмина кои не дале првенство на минување на пешаци.

Сообраќајната полиција санкционирала 21 пешак, поради поминување коловоз надвор од пешачки премин и 11 кои поминувале коловоз на црвено светло.

Во изминатите три дена со специјално возило „пајак“ се подигнати 121 возило.