понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 18
home Хроника

За помалку од 24 часа откриени 95 мигранти, најголемиот дел во струмичко

За помалку од 24 часа откриени 95 мигранти, најголемиот дел во струмичко

Министерството за внатрешни работи во денешниот билтен на дневни настани информира за три случаи во изминатите 24 часа во кои се открини 95 мигранти.

Пронајдени 50 мигранти од кои 33 од Бангладеш, 15 од Пакистан и две лица од Авганистан биле вчера во 19:30 часот на локален пат кон село Три води, во непосредна близина на „Раборска крстосница“, струмичко.

Возачот Д.Х.(25) од Велес на товарно возило „Мерцедес“ во кое се превезувале мигрантите е уапсен и задржан во Полициската станица Струмица.

На истата локација во пет часот наутро на 27-ми бил уапсен Б.И кој управувал возило со кичевски регистарски ознаки.

-При запирање на возилото, тој се обидел да побегне, но бил спречен, а по извршен преглед на возилото биле пронајдени 39 лица мигранти (35 од Сирија и четири од Ирак), информираат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител мигрантите биле сместени во ПТЦ „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.

На магистралниот пат Штип – Радовиш кај место викано „Канда“ вчера вечерта полициски службеници го лишиле од слобода Р.С.(30) од Скопје, кој управувал патничко возило „алфа ромео“, со светиниколски регистарски ознаки, а во кое биле пронајдени шест лица мигранти од Пакистан.

-При неговото запирање, Р.С. се обидел да го побегне, но бил спречен, а по извршен преглед на возилото било утврдено дека регистарските ознаки припаѓаат на патничко возило „фолксваген“. Р.С. и мигрантите биле предадени на полициски службеници од Полициска станица Свети Николе за понатамошна постапка, посочуваат од МВР.

Коронавирус