четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 174
home Хроника

За пет минути прегазени тројца пешаци кај Веро Џамбо

За пет минути прегазени тројца пешаци кај Веро Џамбо

Три лица вечерва се прегазени во две одделни сообраќајни несреќи кои во период од пет минути се случиле на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје.

-Во 21.55 часот патничко моторно возило „Тојота“ со скопски регистерски таблици, управувано од Н.Л., удрило во пешаците С.Ѓ. (24) и М.П.(25). Од ударот С.Ѓ се здобила со телесни повреди и укажана и е помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“, по што е пуштена на домашно лекување. М.П. е пренесена во Ургентен центар, каде и е укажана помош и е пуштена на домашно лекување, информираат вечерва од МВР.

На истиот булевар во 22 часот патничко моторно возило „Форд Фиеста“ со скопски регистерски таблици, управувано од А.З. (30) од Скопје удрило во пешакот Т.Г. (45) од Скопје. Т.Г. е пренесена во ГОБ „8 септември“.

Коронавирус