петок, 29. јули 2022. Вести денес: 132
home Хроника

За брзо возење во Скопје казнети 40 лица, 7 возеле без возачка дозвола

За брзо возење во Скопје казнети 40 лица, 7 возеле без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.06.2022) продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 80 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, а две за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Изречени се и три мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, три мерки за користење на мобилен телефон… Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Коронавирус