петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Хроника

За брзо возење во Скопје казнети 160 лица

За брзо возење во Скопје казнети 160 лица

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, а шест за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Изречени се и 11 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, четири за прекршоци што ги прават пешаците, три мерки за користење на мобилен телефон, осум за непрописно престигнување… Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Коронавирус