петок, 29. јули 2022. Вести денес: 6
home Хроника

За брзо возење на територија на СВР Битола казнети 81 лице

За брзо возење на територија на СВР Битола казнети 81 лице

Денеска (14.06.2022) во периодот од 07.00 до 12.00 часот на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 81 возачи, од кои 34 санкции се изречени на територија на Битола, 10 на територија на Ресен, 27 во Прилеп, 4 во Демир Хисар, 5 во Крушево и една во Македонски Брод.

Од нив, 39 мерки се изречени за пречекорување на брзината надвор од населено место и 42 се за пречекорување во населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Коронавирус