недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 78
home Хроника

За брзо возење казнети 504 возачи

За брзо возење казнети 504 возачи

Во текот на вчерашниот ден (16.05.2021) Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 504 возачи. Од нив, 16 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

ЕУРО 2020

Македонија