сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 76
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Хроника

За брзо возење казнети 245 возачи

За брзо возење казнети 245 возачи

Во акциска контрола на полицијата на територијата на целата држава во текот на вчерашниот ден санкционирани се 245 возачи кои возеле повеќе од дозволеното.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи 15 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 91 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 154 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението од Министерството.

Коронавирус