вторник, 10. мај 2022. Вести денес: 172
home Хроника

За брзо возење казнети 138 лица

За брзо возење казнети 138 лица

Во текот на вчерашниот ден (17.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 138 возачи. Од нив 12 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 64 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 74 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Коронавирус