четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 118
home Хроника

За 4 дена 33 сообраќајќи во Скопје- едно лице загина

За 4 дена 33 сообраќајќи во Скопје- едно лице загина

Триесет и три сообраќајни незгоди се случиле во периодот од 23 мај до вчера на подрачјето на Скопје, а во нив едно лице е загинато. Како што соопшти МВР во 15 од сообраќајните незгоди е предизикана материјална штета.

Припадниците на СВР-Скопје регистрирале 270 возачи кои се движеле со поголeма брзина од дозволената со сообраќаен знак.

Од сообраќај се исклучени 78 возачи, еден од нив управувал под дејство на аккохол, 73 возеле пред да се стекнат со право на управување, а почетници биле четворица.

Од сообраќај се исклучени 62 возила, од кои пет биле технички неисправни, а 57 биле нерегистрирани.

Непрописно биле паркирани 384 возила, а со пајак се подигнати 114.