недела, 11. април 2021. Вести денес: 104
home Хроника

За 4 часа казнети 52 пешаци, еве какви прекршоци правеле

За 4 часа казнети 52 пешаци, еве какви прекршоци правеле

На 02.03.2021 во периодот од 10.00 до 14.00 часот, полициски службеници од СВР Tетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Teтово спровеле акциска контрола на прекршоци што ги прават пешаците во сообраќајот.

Притоа, биле откриени и санкционирани вкупно 52 прекршоци, најмногу преминување на улиците надвор од пешачки премини и на црвено светло.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби од 45 евра во денарска противвредност.

Коронавирус