вторник, 27. јули 2021. Вести денес: 157
home Хроника

За 24 часа МВР со огромен број на казни поради не носење на маски, а дури 886 лица отишле во изолација

За 24 часа МВР со огромен број на казни поради не носење на маски, а дури 886 лица отишле во изолација

Во текот на изминатото деноноќие (23/24.06.2020 година) на територијата на Република Македонија на 886 лица им се издадени решенија за изолација, а 152 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, a евидентирани се пет лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, кои ќе бидат спроведени во државен карантин на сопствен трошок а ќе им бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РМ.

Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 544 прекршоци, информираат од МВР.

Коронавирус