петок, 13. декември 2019. Вести денес: 126
home Хроника

Вработена во казино и коцкар добија кривична, еве каква измама правеле

Вработена во казино и коцкар добија кривична, еве каква измама правеле

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.М.(25) од Ресен и И.И.(39) од Сарај, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „затајување“ и „поттикнување“.

Во периодот од 22.00 часот на 17.09 до 07.00 часот на 18.09.2018 во автомат клуб на бул.„Октомвриска револуција“, првопријавената, вработена како касиер, заедно со второпријавениот, кој бил гостин во казиното, во договор, во повеќе наврати извршила уплата на парични средства на повеќе апарати без покритие.

На тој начин тие се стекнале со противправна имотна корист во вредност од 251.540 денари.