Против две лица од Скопје и Неготино, од кои едниот вработен во МВР, поднесена е кривична пријава.
Полицијата јави дека при извршен претрес во викенд куќа во сопственост на второпријавениот, полициските службеници пронашле рачна „шок“ бомба и 62 маневарски куршуми, калибар 7,62×39мм, за кои истиот изјавил дека му биле оставени на чување од првопријавениот.
По преземени мерки било утврдено дека првопријавениот, вработен во МВР како ракувач со материјални средства и опрема, противправно ги присвоил горенаведените предмети.