среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 39
home Хроника

Вработен во „Македонски пошти“ украл 23 пензии

Вработен во „Македонски пошти“ украл 23 пензии

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Б.(50) од село Беловиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, проневера во службата и фалсификување исправа.

-Во текот на јануари 2019 година пријавениот, како вработен во АД ,,Македонски Пошти“, фалсификувал потписи на 23 налози за исплата на пензии, по што ги присвоил паричните средства наменети за корисниците, соопшти МВР.

Тој се стекнал со противправна имотна корист од 223.533 денари.

Коронавирус