среда, 20. март 2019. Вести денес: 113
home Хроника

Вознемирувачко видео: Малолетник од Арачиново изгуби контрола и прегази тројца

Вознемирувачко видео: Малолетник од Арачиново изгуби контрола и прегази тројца

Видео снимката на која се гледа како автомобил БМВ се движи брзо и неконтролирано, во еден момент удира во луѓе кои седат на тротоар пред една продавница во скопско Арачиново, објави Сител.

Според информациите кои ги испратил читателот до Сител, несреќата се случила во понеделникот 11 март, а автомобилот го управувало малолетно лице.

Еден од прегазените бил на околу 75 годишна возраст и со тешки повреди е префрлен на една од скопските клиники.

Од МВР се уште нема информации за несреќата.

Видеото може да го погледнете на Сител.мк.