вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 1
home Хроника

Возило удри жена во населба Горица во Кичево

Возило удри жена во населба Горица во Кичево

Вчера околу 10.30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот Кичево- Охрид, на излезот од градот во населба „Горица“, патничко возило марка БМВ со кичевски регистарски ознаки управувано од С.С. (51) удрило во постара жена.

Портпаролот Стефан Димоски посочи дека во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Увидна екипа на ОВР Кичево излегла на местото на настанот а причините за несреќата и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.

Локални избори 2021