вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 140
home Хроника

Возило слета во Луда Мара, едно лице повредено

Возило слета во Луда Мара, едно лице повредено

Едно лице е повредено вечерва откако патничко моторно возило „југо“ слета во реката Луда Мара во кавадаречкото село Ваташа, во близина на спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур.

Екипи на кавадаречката полиција вршат увид на местото на незгодата.

Од итната медицинска помош потврдија за МИА дека едно лице е пренесено во кавадаречката болница со повреди на главата. Следуваат дополнителни испитувања за неговата здравствена состојба.