понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 129
home Хроника

Возило се заби во семафор во центарот на Делчево

Возило се заби во семафор во центарот на Делчево
фото илустарција

Возило удри во семафор во центарот на Делчево. Во моментот екипи на Полициското одделение од општа надлежност вршат увид на местото на несреќата, поради која сообраќајот во централното градско подрачје е во прекин.

-При несреќата срушен е мал пешачки семафор. Во несреќата нема повредени лица, а во моментот сообраќајот на потегот од населбата Милково Брдо кон центарот на градот е во краток прекин. Иако ова е меѓународен пат кој води до граничниот премин Делчево, сообраќајот на останатата делница се одвива во најдобар ред, соопштија од полицијата.

Очевидци велат дека возилото од непознати причини се забило во семафорот. Според нив остатокот од снег и лизгавиот коловоз би можела да биде причина за несреќата.

Ова е втор случај во Делчево да биде срушен семафор во сообраќајна несреќа. Во претходниот случај причина за несреќата беше пијанство кај лицето кое управувало со возилото.

Од полицијата повеќе детали за случајот најавија во текот на вечерните часови.

ЕУРО 2020

Македонија