четврток, 4. јуни 2020. Вести денес: 141
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Возило на МВР излета од патот Богданци-Гевгелија, повредени тројца припадници на АРМ

Возило на МВР излета од патот Богданци-Гевгелија, повредени тројца припадници на АРМ

Тројца припадници од Армијата се полесно повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 20 часот на регионалниот пат Богданци-Гевгелија, поточно на место викано Лгот.

-Автомобил „рекстон“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Б.Ј. излетало од коловозот. Во возилото се превезувале и шест припадници на Армијата, кои биле на испомош во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“, информира МВР.

Повредените лица биле пренесени во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

Коронавирус