Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против правно лице од Кочани и К.М.(45) од Кочани, – одговорно лице во правното лице поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Правното и одговорното лице за време на прогласена пандемија на Ковид- 19, иако биле должни јавниот превоз да го вршат со ограничување на бројот на патници на 50% од капацитетот на превозното средство, согласно Одлуките на Владата на Република Македонија, на 19.07.2020 за време на вршење на превоз во патниот сообраќај на релација Охрид – Кочани, во патничко моторно возило „мерцедес – спринтер“, сопственост на правното лице од Кочани, а со капацитет од 23 места за седење, на автобуска станица во Охрид, во истиот се превезувале 21 патник.