среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 167
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Хроника

Возачи внимателно: Полицијата е пуштена на најјако – за брзо возење казнет 181 возач!

Возачи внимателно: Полицијата е пуштена на најјако – за брзо возење казнет 181 возач!

Во текот на вчерашниот ден (20.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 181 возач. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа, 61 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 120 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Коронавирус