понеделник, 3. август 2020. Вести денес: 56
home Хроника

Возачи повредени во сообраќајка во Долно Палчиште

Возачи повредени во сообраќајка во Долно Палчиште

Двајца возачи се повредени, од кои еден потешко, во сообраќајна несреќа која се случила вчера на локалниот пат во с.Долно Палчиште.

Во несреќата учествувале „опел вектра“, со тетовски регистарски ознаки, управувана од И.А.(20) с.Долно Палчиште и „опел корса“, со тетовски регистарски ознаки, управувана од Џ.Ш.(49) од истото село.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Џ.Ш., а со телесни повреди се здобил И.А., констатирани во Клиничката болница Тетово, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.

Коронавирус