четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Возач удри пешак во Скопје, па го однесе во болница

Возач удри пешак во Скопје, па го однесе во болница

На 29.01.2021 во 12:15 часот било пријавено дека во Скопје на паркинг простор на ул.„Трифун Хаџијанев“, патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, удрило во пешак М.Ј. од Скопје.

По незгодата, возачот ја пренел М.Ј. во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на лекар ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

ЕУРО 2020

Македонија