среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 27
home Хроника

Возач тешко повреден во судир на три возила на патот Тетово-Скопје

Возач тешко повреден во судир на три возила на патот Тетово-Скопје

Возач се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу пладне на регионалниот пат Тетово–Скопје, во с.Желино.

-Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „Фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.Г.(57), патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(74) и патничко возило „Опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од З.И., информираат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Голф“-С.А.. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар-Тетово, каде по укажаната помош бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.