сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Возач тешко повреден во сообраќајна несреќа

Возач тешко повреден во сообраќајна несреќа

На 04.08.2020 година во 13.10 часот, на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај с.Сливово, Општина Дебрца, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од С.Р.(50) од кичевското село Црвевци и товарно возило „ман“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.К.(53) од велешкото село Бузалково.

-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкиот автомобил, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што бил префрлен за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото на незгодата изврши Јавен обвинител и полициски екипи.

Коронавирус