петок, 7. мај 2021. Вести денес: 140
home Хроника

Возач тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Возач тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Возач на патничко моторно возило се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно седум сообраќајни незгоди регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.

Во две сообраќајки повредени биле пет лица, а во четири била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и седум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, седум возачи поминале коловоз на црвено светло и тројца возачи за неправилно престројување.

Од сообраќај биле исклучени еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол, 15 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден возач почетник, како и едно технички неисправно возило и 10 нерегистрирани возила.

Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 93 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 80 возила.

Во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативна работилница со деца од средна и голема група во детската градинка „Росица“, објект „Кокиче“ која се наоѓа на подрачјето на општина Ѓорче Петров.

Коронавирус