вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 77
home Хроника

Возач тешко повреден во сообраќајка во кумановско

Возач тешко повреден во сообраќајка во кумановско

На 04.08.2021 околу 14.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Куманово – с.Липково и улица „11 Ноември“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(62) од с.Слупчане, општина Липково и патничко возило „мерцедес“, со белгиска национална ознака, управувано од Б.А.(27) од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.А., констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Коронавирус