четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 71
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Возач тешко повреден во сообраќајка, излетал од пат и удрил во потпорен ѕид

Возач тешко повреден во сообраќајка, излетал од пат и удрил во потпорен ѕид

Патничко возило „Рено Твинго“со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(65) од Штип, пред два дена  излетало надвор од коловозот на регионалниот пат с.Софилари-Штип и удрилo во потпорен ѕид.

-Од ударот возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Штип,каде му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.