недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 14
home Хроника

Возач тешко повреден откако се превртел со автомобил

Возач тешко повреден откако се превртел со автомобил

Возач е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 17,30 часот на автопатот Скопје-Тетово, во близина на клучка Кондово.

Од полицијата информираат дека патничко моторно возило “БМВ“, управувано од В.М. (43) од Тетово, удрило во металните одбојници и се превртело.

-Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники “Мајка Тереза“, велат од МВР.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил изршен увид на местото на настанот.